Филипче и Пендаровски ќе се вакцинираат против ковид за да ja кренат свеста

од Берта Китинска
379 прегледи

Министерот за здравство д-р Венко Филипче  и претседателот Стево Пендаровски потврдија дека ќе се вакцинираат со вакцината против ковид 19.

Филипче упати апел до граѓаните дека станува збор за безбедна вакцина, а со вакцинацијата ќе се подигне имунитетот на населението насекаде во светот и животот ќе се врати во нормала.

-Aпсолутно да, ќе се вакцинирам. Да покажам и да докажам дека треба да се вакцинираат луѓето. Вакцините се сигурни ние го пратевме нивниот процес на развој и сите фази од клиничките студии. Тоа ќе биде тоа што ќе ја смени сликата во светот, изјави министерот Филипче  во „Магазин“.

Претседателот Стево Пендаровски во  интервјуто на телевизија Сител рече дека би сакал тој прв да ја прими вакцината против Ковид-19, со цел да се крене свеста кај граѓаните.

-Јас би сакал да бидам прв што ќе ја прими вакцината кај нас. Не затоа што сакам прв да се заштитам, бидејќи кај мене се влегува со строги протоколи, туку само за да ја кренеме свеста. Бидејќи видов процент дека мал дел од граѓаните се спремни да ја примат вакцината. Ако е тоа возмонжно, па и да се направи некој спот. Станува збор не само за мене, туку и за моето семејство, рече Пендаровски.