Филипче: И во Србија и Бугарија, учениците ќе носат маски за време на часовите

од Nikola Popovski

Здравјето на учениците е приоритет, како физичкото така и менталното. Учебната година ја започнуваме со настава со физичко присуство, налик на земјите во регинот, објави вечерва министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Тој уште еднаш повтори дека наставата ќе се одвива под јасно утврдени здравствени протоколи.

-Во случај на влошување на епидемиолошката состојба, МОН по проценка на Комисијата за заразни болести, за реализација на наставата има две резервни сценарија со кои ќе се заштити и зачува здравјето на учениците и наставниот кадар, информира Филипче.

Министерот додава дека во Србија, наставниот процес ќе започне редовно, на 1-ви септември, часовите ќе траат по 45 минути, со полн капацитет на училниците.

-Учениците ќе да ги тргнат маските само додека одговараат, додека вакцинираните наставници нема да бидат обврзани да носат заштитна маска, се додека одржуваат соодветно растојание од учениците. Протоколот подготвен од бугарското Министерството за образование, предвидува маските во училниците да бидат задолжителни за сите ученици во основно образование, доколку се наоѓаат во епидемиолошки ризична средина, односно област во жолта, црвена или темно црвена зона. Границата за преминување на онлајн настава ќе биде доколку 10 отсто од учениците се заразени.Во Хрватска, планот за одржување на наставата ќе се настојува да се одвива целосно во училниците. Хрватскиот завод за јавно здравство препорача вакцинација на деца постари од 12 години со хронични болести, за оние кои во семејството имаат таков член, за постарите средношколци и оние кои учат во здравствена, угостителска, туристичка насока и услужни дејности, потенцира Филипче.

Тој уште еднаш апелира до родителите на децата што одат во училиште и градинка да се вакцинираат, за да го заштитат семејството од ширење на болеста.

Слични содржини