Филипче: Натпреварот Македонија – Косово треба да се игра без публика

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција во Владата зборуваше и за бараж натпреварот за пласман на ЕП 2020 помеѓу Македонија и Косово, што се игра на 26 март.

„Јас лично сметам дека сите спортски натпревари вклучително и дуелот Македонија – Косово, треба да се игра без публика. Зошто? Бидејќи на такви натпревари, посебно меѓународни да има гости од странство. Ќе повторам, немаме локална трансмисија, а тоа е многу добро, затоа сметам дека локалните настани во овој период не треба да бидат стрикно забранети. Тој спортски натпревар е нешто подоцна, се игра на 26 март, а на денешната седница ќе препорачаме таа да трае уште една недела, до 13. март, но во зависност од ситуацијата можно е да донесеме и друга одлука“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Засега официјално натпреварот ќе се игра со публика и билетите веќе на големо се продаваат, а се очекува арената целосно да биде полна за овој историски натпревар.

Слични содржини