Филипче: Пациентка која утрово се пријавила на Клиника е првиот случај со коронавирус

од Aleksandar Todeski

Пациентка која рано утрово се пријвила е првиот пациент зарзен со коронавирусот во земјава, потврди министерот за здравство, Венко Филипче.

„Таа е сместена на клиниката за инфективни болести. Пациентката е првиот пациент во Скопје заболена со овој причинител. Нема простор за паника. Таа се третира соодветно на нејзината состојба. Епидемиолошките анализи укажаа дека таа веќе еден месец била на посета и прошетка во Италија, две недели е болна, се третирала во Италија, не е проверена од коронавирус таму, а откако дошла веднаш се пријавила на клиника“, рече Филипче.

Тој појасни дека се прави проверка на сите кои патувале со неа во комбето и истите ќе бидат ставени во четиринаесетдневна изолација.

Слични содржини