378
Проценката за бројка на заболени до каде би можело да се стигне варира и има различни прогнози, посочи министерот за здравство, Венко Филипче.
„Најбитно од се е пикот на болеста, бројката на заболени да не дојде нагло. Секоја епидемија, кажав има крива. Колку е таа поблага, а со мерките кои ги имплементираме, согласно искуствата, очекуваме да биде многу блага, што значи дека може тоа здравствениот систем тоа да го апсорбира. Вирусот е тука, имаме систем на ширење, не е тоа само кај нас, тоа е насекаде во светот, но овие мерки се со цел да може ударот од пациенти да се прими поблаго“, рече Филипче.
Министерот посочи дека колку пикот дојде поостро, понагло, толку поголеми проблеми прави на здравствениот систем.