341
Министерот за здравство, Венко Филипче ја демантираше веста дека цената на тестовите е близу 5.000 денари, додавајќи дека во центрите на државните клиники, тестирањето е бесплатно.
„Цената од близу 5.000 денари не е набавна цена, туку цена по која ФЗО плаќа за да се направи услугата. Тука се вбројува и сумата за вработените и слично. Тестирањата се бесплатни, никој не платил до сега за тестот при испитување од страна на Центрите за јавно здравје“, истакна Филипче.
Овој демант на министерот доаѓа откако претходно во јавноста излегоа бројки дека сумата од близу 5.000 денари била набавна цена, а дека на прватните клиники, тестовите се многу поевтини.