Филипче: Забележани се елементи на намалување на епидемијата

од Берта Китинска

-Се намалуваат индикациите за тестирање и поради тоа е намален и бројот на тестирања, што значи дека се стишува пандемијата, изјaви министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој соопшти дека на двајца пациенти кои се ковалесцентни односно се во фаза во која се носители на антителата против коронавирусот денеска првпат им била земена крвна плазма со која треба да се лекуваат заболени.

– Следните денови, исто како и терапијата со озон која се применува во Градската општа болница „8 Септември“, крвната плазма ќе биде аплицирана на пациенти за кои експертите ќе оценат дека е соодветна за нив, изјави Филипче.

Слични содржини