Владата ќе заседава во 14 часот, за да се допрецизираат сите препораки кои вчера беа прифатени, а се на предлог на Центарот за управување со кризи, истакна министерот за здравство, Венко Филипче.

Фото: Борче Поповски
Министерот посочи дека се целосно фокусирани на справување со коронавирусот, а мерките кои ги препорачуваат се согласно моменталната ситуација.
„Ги следиме препораките и сме во комуникација секојдневно со Светската здравствена организација. Тешко е да се препорача мерка како целосно затворање на границите, тоа не зависи само од нас, туку и од соседните земји, а немаме ниту таква препорака од СЗО“, рече Филипче.
Во однос на тоа дали ќе се одложат изборите, тој вели дека е тешко да се предвиди, додавајќи дека препораките ќе следуваат во зависност од тоа како ќе се развива ситуацијата.