Физичката активност им помага на пациентите заболени од рак

од desk2
220 прегледи

Физичката активност и какво и да е вежбање има многу позитивни влијанија врз здравјето. Може да го поправите расположението, да симнете килограми, да го намалите ризикот од многу заболувања, а вежбањето може да им помогне и на лицата заболени од рак.

Истражувачите од онколошкото клиничко друштво во Австралија уверени се дека вежбањето е многу битен дел од терапијата кај заболените од различни видови тумори, толку битно што треба да се препише на рецепт, пишува “Newsweek”.

Место за време на лечењето да успорат и да припазат на своите активности, научниците им препорачуваат на пациентите да продолжат со физичкте активности.

Им советуваат да поминат најмалку 150 минути неделно во физичка работа, која не е многу напорна.

Се препорачува одење, трчање, возење велосипед, а се советува и пациентите два до три пати неделно да учествуваат во тренинзи за издржливост.