Фјури: Вајлдер не сакаше да ми честита, тој е лош губитник, идиот

од Vladimir Zorba

Откако го нокаутираше Дионтеј Вајлдер во 11 -тата рунда, британскиот боксер Тајсон Фјури даде изјава во свој стил веднаш по натпреварот – со тоа што го напдна „Бронзениот бомбардер“.

Меѓутоа, пред да се осврне на самата борба, Фјури прво го цитираше Џон Вејн и му се заблагодари на Бога за триумфот.

– Како што рече големиот Џон Вејн, јас сум составен од железо и челик. Сакам да му се заблагодарам на Господ и Спасител Исус Христос, јас го славам, а тој ми дава величествени победи – рече Фјури и додаде:

– Се најдов двапати на подот, не е лесно. Вајлдер е силен на удари. Ова беше голема борба, нема да се правдам. Вајлдер е голем борец и добро ме измачи. Сепак, како што велам, јас сум најдобриот боксер на светот. Тој е втор најдобар. Не се сомневајте во мене, кога е најтешко јас сум најдобар.

Фјури тогаш откри дека Вајлдер не му честитал за победата.

– Му пријдов и му реков дека борбата е одлична, но тој не сакаше да ми честита. Јас одговорив: „Нема проблем“. Бев изненаден. Тој е лош губитник, идиот, заврши Британецот.

Слични содржини