Фоивос Деливоријас на Фестивал на грчки филм: Ние уметниците треба да бидеме пионери во запознавањето едни со други

од desk2
Во рамките на Фестивалот на грчки филм и култура концерт ќе одржи еден од најпознатите грчки музички бендови во последните години. Станува збор за бендот на Фоивос Деливоријас, кој ќе настапи на 25 октомври во клуб ресторанот МКЦ. Тие имаат специјален репертоар за оваа прилика и ќе свират филмска музика од познати грчки филмови. Оваа мошне посебна колекција од репрезентативна грчка музика е всушност придонесот на грчкиот текстописец за грчкиот филмски фестивал и култура 2019 во Скопје.
Деливоријас пред доаѓањето во Скопје одговори неколку прашања.

Кои се музичарите со кои ќе настапувате? Дали се знаете одамна? Како се оствари соработката помеѓу вас?

Антонис Сусамоглу е врвен грчки виолинист. Тој е прва виолина во Државниот оркестар на Солун и карактеристичен аранжер и композитор. Соработувавме и во симфониски концерти и во саундтракот. Џорџ Кацанос е познат мулти-инструменталист во Грција, фигура налик на Том Вејтс. Тој е „onе-man“ бенд. Често ја делиме сцената, се нарекуваме себеси „Големиот бенд“! Нефели Фасули е инспиративен млад пејач, одличен уметнички партнер со кој соработуваме извесно време.

 Со својата изведба ќе придонесете за фестивалот на современиот грчки филм и култура. Како се чувствувате што сте дел од овој настан, прв од ваков вид институционално поддржан од вашата земја?

Многу сум трогнат. Мислам дека ние уметниците треба да бидеме пионери во насока на подобро да се запознаеме едни со други. Со нетрпение очекувам да ги запознам и кинематографијата и музиката на Северна Македонија.

Слични содржини