Иако многу операции на производствените ленти се доверени на роботи, на некои позиции човекот е незаменлив. Но, и него му треба механизирана помош.

Затоа Форд во соработка со компанијата Ексо Биосникс разви специјален егзоскелет за горниот дел од телото кој треба да им ја олесни работата на фабричките работници.
Уредот е наречен EksoVest и функционира така што пружа поддршка и му помага на работникот при подигање на рацете, додека тој извршува работа каде што му се потребни раце во подолг период дигнати над главата.
EksoVest, кој е релативно лесен и удобен за носење, обезбедува дополнителна сила за подигање и одржување на горниот дел од телото.
„Мојата работна позиција подразбира држење на рацете над главата и кога ќе дојдам дома после работа имам болки во грбот, вратот и рамената“, вели пол Колинс кој работи во фабриката на Форд.
Колин е еден од вработените кои учествуваат во пилот-програмата и вели дека EksoVest му помага да ги намали болките и да ја сочува енергијата за активности со своето семејство кога од работа ќе се врати дома.
Форд пресметал дека некои нивни работници секојдневно мора да ги подигнат рацете 4.600 пати или околу 1.000.000 пати годишно. За да го намали оптоварувањето на организмот на овие работници Форд почна со тестирање на EksoVest во две свои фабрики во САД.