“Железната принцеза” Наталија Поклонскаја сака да стане пратеник и може да се кандидира за претседателските избори во 2018 година
“Дејли мирор” ја претставува како “Железната принцеза на Крим” и потсетува на тоа дека украинските националисти и се заканувале со апсење и дури подготвувале атентат врз неа. Наталија Поклонскаја беше назначена за главен обвинител на Крим на 33-годишна возраст. Таа ја освои светска слава веднаш по првата прес-конференција. Видео на кое таа слуша прашање поставено од новинар, собра околу 300 000 прегледи во мрежата само во Јапонија, иако клипот не беше проследен со превод на јапонски.Во интернет пак се појавија бројни нејзини портрети, како и песни, видео игри, од нејзини приврзаници, фасциниран од нејзината убавина, но и цврстина на карактерот, пишува “Дејли Мирор”.
