
Дронове, ангели, звуци на црковни камбани и религиозни песни, го придружуваа дефилето на Доменико Долче и Стефано Габана на Седмицата на модата во Милано, каде што дизајнерите се претставија како главни божества, соопштуваат агенциите.
Ревијата беше поддржана со силен дух и траеше цел час, а обожавателите уживаа во претставата, која се одржа во салата Метропол. Ова е поранешно кино, кое работело во 40-те години на минатиот век, но сега е седиште на модната куќа во Милано. За оваа ревија салата “Метропол” беше преобразена во црква.

Во ревијата се вклучија и десетина дронови, на кои беа прикачении женски чанти од марката “Долче и Габана”. Манекените покажаа колекција со силна црковна инспирација. Ангели и Богородичи се појавија во форма на богати златни фустани, сакоа, ролки, палта, шапки и чантата.