ФОТО: Двата коргиа на Елизабета Втора го красеа роденденот на Сара Фергусон

од Stefanija Kuzmanovska

На 8 септември, светот беше тажен кога слушна за смртта на кралицата Елизабета Втора во нејзиниот замок Балморал. Пошироката јавност покажа посебен интерес за судбината на двете корги од кои кралицата беше неразделна, по име Сенди и Мук.

Војвотката од Јорк, Сара Фергусон, на 15 октомври наполни 63 години.

За таа прилика, таа одлучи да сподели колаж од фотографии на кои е опкружена со двата коргиа на кралицата, кои изгледаат како да се во одлична форма.

Во одбраните кадри, ја гледаме војвотката како се гали и бакнува со коргите. Оваа нежна сцена ги освои корисниците на Твитер.

Слични содржини