(ФОТО) Голем скандал ја тресе Австралија: Супер-тајни документи се појавија на продажба на мебел!

од desk4

Стотици тајни документи на австралиската Влада, заклучени во стар шкаф, се најдоа на распродажба за користени мебел во австралискиот град Канбера, соопштува ABC.

Еден од клиентите на продавницата си купил два тешки ормана, кои немале клучеви. Прошло неколку месеци пред човекот да одлучи да ги скрши бравите. Кога го направил и ги отворил вратите на мебелот, тој со чудење утврдил дека во нив има документи што опфаќа период од околу 10 години.

Илјадници страници ја опишаа работата на пет претходни австралиски влади. Речиси секој документ бил со назнака “Сикрет – тајна”, на некои дури пишувало “Топ Сикрет”, а други биле наменети “само за очите на граѓаните на Австралија”.

Телевизискиот канал забележува дека тоа е едно од најголемите истекување на доверливи информации во историјата на земјата.

Отворените папки содржеле подетални информации и за други нарушувања во областа на безбедноста, на пример како во периодот 2008-2013 година австралиската полиција изгубила околу 400 документа, априпаѓале на Комитетот за национална безбедност.

Откритието сведочи и за тоа дека околу 200 документат биле оставени во канцеларијата на министерот Пени Вонг, откако австралиската Лабуристичка партија ги изгубила изборите во 2013-та.

Во 195 документа се содржат информации за плановите “за одбрана на Блискиот Исток, обновена информации во врска со војната во Авганистан, разузнавачки информации и детали од контратерористични операции”.

Најважениот акт од вредниот материјал сведочи и за тоа дека во 2007 година, Комитетот за национална безбедност на поранешниот премиер Џон Хауард разговарал за укинувањето на “неограничената право да молчат при полициски распит”. Австралиската влада објави дека започнала истрага за случајот.

Слични содржини