ФОТО: Мерките за заштита од коронавирусот се спроведуваат и во владиниот прес центар

од Aleksandar Todeski

Откако Министерот за здравство, Венко Филипче утрово препорача нови мерки против коронавирусот, владата истите одлучи да ги имплементира и во владиниот прес центар за новинарите.

Столиците наменети за новинарите во прес центарот беа наместени на метро и половина раздалеченост помеѓу новинарите, а микрофонот кој обично членовите на ПР службата на влада го даваат од рака на рака на микрофоните, овој пат го држеа тие.

На влезот во прес центарот на владата исто така има средство за дезинфекција, до кое стои лист на кој пишува дека треба да се користи средството од страна на оние кои влегуваат и излегуваат од владината зграда.

Мерките кои денеска ги предложи Филипче ќе бидат ставени на владина седница, а беа и дел од разговорите на политичките партии кои денеска имаа средба со премиерот Оливер Спасовски и министрите.

А.Т.

Фото: Локално.мк

 

Слични содржини