Законот за влада во 2013 година претрпи измени. Подготвен од тогашниот премиер, актуелен бегалец од правдата, Никола Груевски, а потоа предложен од страна на Александар Николоски и Илија Китаноски, тогашни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, преку додавање на три члена во Законот, се додадоа и бенефиции на поранешни премиери.
Медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ пак, по дебатата на лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев и лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски, излегоа со лажна вест дека на Заев како лидер на политичка партија не му следува обезбедување, иако тоа го дозволува токму Законот за влада, кој во на 21 јануари 2013 година доби амин од пратениците на тогашното владејачко мнозинство да се донесе по скратена постапка, на барање на акуелниот потпретседател на опозициската партија Николоски, кој како тогашен пратеник на листите на Никола Груевски, измените ги предложи заедно со Китаноски.
„Претседател на Владата на Република Македонија на кој му престанала функцијата има право на лично обезбедување од шест лица вработени во организационата единица за обезбедување на лица и објекти во Министерството за внатрешни работи, како и право на користење на службено возило и возач“, стои во Член 14-а од Законот.
Лажната вест оркестирано и без било какви измени се пренесуваше од повеќето портали на ВМРО-ДПМНЕ, со краен заклучок дека се работело за злоупотреба на државните ресурси, иако Законот предвидува поранешен премиер да има обезбедување и возач во временскиот период колку што седел на премиерското столче.
А.Т.