Летоци со фотографии од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на кој пишува „Заев е виновен“, парола која на своите видео материјали на социјалните мрежи ја повторува опозициската ВМРО-ДПМНЕ синоќа биле расфрлани на територија на општина Кисела Вода. „Локално“ фотографираше еден од летоците, на кои на предната страна пишува „Се срамам од овие луѓе“, додека пак на задната страна, се наведени обвинувања дека наводно власта е вмешана во случајот „Рекет“.
Ова не е прв случај на предврмено почната кампања. Вчера беа поставени билборди насловени „Еден се богати – Два милиони осиромашуваат“, каде како нарачател е потпишана опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со што партијата противзаконски и предвремено ја почна кампањата за парламентарните избори.
Законски, кампањата треба да отпочне на 23 март, а завршува на 10 април, по што следи изборниот молк на 11 април, додека пак на 12 април е гласањето, датуми утврдени со роковникот на Државната изборна комисија.
А.Т.