Фото: Скулптура од „Гол Трамп“ понудена на аукција

од desk2
87 прегледи

Скулптура од гол Доналд Трамп ќе биде понудена на аукција во Њу Џерси.

Аукциската куќа Џулијен, соопшти дека тоа е единственото преостанато дело на анархистичкиот колектив INDECLINE.

Воочи изборите за претседател на САД, други слични такви статуи со ликот и телото на Трамп беа уништени, при нивното изложување во Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес и Кливленд.

„Голиот Трамп“ ќе се најде на аукција на 2 мај, за 20.000 до 30.000 долари.