ФОТО: Софија Вергара во фустан од 31 евро кој нема конкуренција во пролетните месеци

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Софија Вергара е зафатена со снимањето на шоуто за таленти „America’s Got Talent“ во кое учествува како член на жирито, а нејзините модни комбинации не остануваат незабележани кога ќе пристигне на сетот.

Ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ воодушеви со своето најново издание создадено за пролет. Таа пред студиото во Пасадена пристигна во долг мантил со појас за истакнување на струкот, кој со години држи високо место на листата на омилени пролетни парчиња.

Под мантилот носеше уште едно непогрешливо пролетно парче, фустан украсен со цветен дезен кој нема конкуренција во пролетните месеци. Миди фустанот е создаден како дел од соработката на актерката со американскиот трговски ланец Walmart.

Станува збор за фустан без ракави. Основната боја на фустанот е црна, а украсен е со цвеќиња во кои доминира нежно розовата. Цената на фустанот, кој го красат и омилените џебови, е 34 долари, односно 31,18 евра.

Актерката го спои фустанот со беж сандали со блок потпетици од Џанвито Роси, додека ја носеше популарната беж чанта Dior Book Tote.

Слични содржини