Некои трансфери предизвикуваат исклучителен интерес особено кога станува збор за популарни фудбалери. Не точно таков, но сепак е случај еден од најжешките трансфери во спортот во Србија.

Излезе дека атрактивната водителка од клубската телевизија на фудбалскиот тим Црвена ѕвезда е последното ново засилување во кошаркарскиот тим на Звезда.
Убавата Катарина Сречковиќ е новото рекламно лице на кошаркарскиот клуб кој и оваа година ќе ја претставува Србија во Евролигата.
Убавицата веќе се појави на првите натпревари на Звезда сезонава и веднаш го привлече вниманието на навивачите во салата “Пионир” во Белград.