ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ предвремено ја почнува кампањата за изборите

од Aleksandar Todeski
314 прегледи

Со поставување на билборди насловени „Еден се богати – Два милиони осиромашуваат“, опозициската ВМРО-ДПМНЕ го прекршува Изборниот законик, односно предвремено ја почнува кампањата за парламентарните избори.

На билбордот е монтиран лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со луј витон ташна во рака, а како нарачател се појавува токму опозициската партија.

Законски, кампањата треба да отпочне на 23 март, а завршува на 10 април, по што следи изборниот молк на 11 април, додека пак на 12 април е гласањето, датуми утврдени со роковникот на Државната изборна комисија.

А.Т.

 

Слични содржини