Фотографија од Трамп во судницата кружи на интернет, еден детал им падна во око на многумина

од Stefanija Kuzmanovska
171 прегледи

Доналд Трамп се појави пред судот во Менхетен како прв поранешен претседател на САД обвинет за кривично дело. Тој се изјасни за обвинението кое против него го поднесе обвинителството во Њујорк поради тајни уплати на сметката на ѕвездата од филмовите за возрасни Сторми Даниелс, за да молчи за нивната афера, но на јавноста на фотографиите од судницата им падна во очи еден многу интересен детал.

Имено, откако беше формално уапсен, а потоа однесен на читање на обвинението, Трамп беше фотографиран од фоторепортерите како седи со своите адвокати на масата за обвинетите. Тие фотографии го обиколија светот, а набрзо се појавија коментари дека на неговиот костум има чудни дамки кои одговараат на неговиот познат портокалов тен, кој долго време ја интригира јавноста.

Се претпоставува дека станува збор за пудра за лице, но погрешна нијанса, како и за средство за потемнување.

Интересно беше и како неговата коса совршено стоеше на своето место, што не е баш честа појава.

Поранешната службеничка на Трамп, Омароса Манигол, во својата книга тврдеше дека бојата на кожата на Трамп доаѓа од честите одења во солариум, но експертот за шминка Џејсон Кели верува дека Трамп за време на републиканската конвенција во 2016 година носел шминка која создава ефект на потемен тен.

Што се однесува до дамките на оделото, претпоставките се дека или било топло во судот, па пудрата се стопила или можеби на Трамп му било премногу жешко поради ситуацијата во која се нашол.

Инаку, минатата година се појавија фотографии од Трамп од неговиот имот на Флорида, на кои поранешниот американски претседател изгледа сосема поинаку, односно природно.

Тогаш беше забележано дека фоторепортерите го фатија познатиот американски милијардер без шминка.

Слични содржини