Франција ја предупредува Русија за санкции доколку Навални умре

од Nikola Popovski

Денес шефот на француската дипломатија, Жан-Ив Ле Дријан, ја осуди „неподносливата безмилосност“ кон рускиот опозиционер Алексеј Навални и се закани со санкции против Русија доколку умре во затвор.

„Немилосрдноста кон Навални е неподнослива … Тој беше цел на обид за атентат. Потоа беше депортиран. Сега неговиот живот е во опасност“, изјавил Ле Дриан за „Франс 2“.

Ако тој умре во затвор, „ќе ги преземеме потребните санкции, а одговорноста за таа трагедија ќе биде на Путин и руските власти“, додал тој.

„Ние мора да бидеме многу решени, односно да преземеме санкции“, истакнла францускиот министер за надворешни работи.

Навални, кој беше осуден на две и пол години затвор во март, штрајку со глад пред повеќе од три недели во знак на протест против условите во затворот, обвинувајќи ја управата на затворот дека не му дозволува да посетува лекар.

Вчера руската полиција уапси најмалку 1.784 лица на митинзи за поддршка на Навални, кои беа организирани низ цела Русија, објави специјализираната невладина организација ОВД-Инфо.

44-годишниот Навални беше уапсен веднаш штом се врати од Германија во јануари, по петмесечно закрепнување од труењето за кое директно го обвини рускиот претседател Владимир Путин.

Навални беше осуден на две и пол години затвор затоа што ја прекрши условната казна во 2014 година со тоа што отиде во Германија на лекување.

Слични содржини