Французин плови по Атлантикот во буре

од desk2
100 прегледи

Жан Жак Сева планира само со помош на морските струи да стигне до Карибите.

Французин замина на пат преку Атлантикот во портокалова капсула налик на буре, користејќи ги само морските струи.

Жан Жак Сева (71) тргна на пат за Канарските острови и планиа да стигне на Карибите за три месеци.

Неговата зајакната капсула содржи кревет, кујна и магацин.

Попат ќе остава маркери, за океанографите да можат да ги проучуваат атланските струи.

Извештаите за неговото патување се објавуваат на фејсбук страна, а Асава во последната порака напиша дека бурето добро се држи.
Во телефонско интервју за агенцијата AFP, Сева вели дека времето е одлично. „Се движам со бризна од дво до три километри на час. Прогнозите за ветар се добри се до недела.

Сева е поранешен војник, а работел и како шумар и пилот.

Тој верува дека со помош на океанските струи во бурето ќе може да премине 4.500 километри долг пат до Карибите.

Бурето е долго три метри, а широко два. Во шест квадрати има и отвор на дното преку кој Сева може да ги гледа рибите.

Капсулата е направена за да биде отпорна на бранови и потенцијални напади од китови убијци. Соларни панели го снабдуваат со струја за комуникација и лоцирање.

Буџетот од 60.000 евра го собра од доброволни донации.

„Можеби ќе стигнам до Барбадот, иако повеќе би сакал да стигнам до некој од француските острови Мартиник и Гвадалупе“, се пошегува тој.

„Тоа би било полесно за „паприологијата“ и враќањето на бурето назад.