Почесниот претседател на францускиот екстремнодесничарскиот Национален фронт, Жан-Мари Ле Пен, е обвинет за предизвикување на омраза поради изјавата од јуни 2014 на адреса на пејачот Патрик Брјуел кој е од еврејско потекло, дека ќе го испрати “во рерната”, пренесе ” Франс прес ” .

Неговиот адвокат го критикуваше гонење за “некаква “ изјава на кое му се придава значење, што тие го немаат. Во видео објавено на интернет страницата на Националниот фронт Ле Пен се изјаснува против уметници ангажирани против десничарската партија, меѓу кои Гај Бедос и Мадона.
При споменувањето на името на Патрик Брјуел кој е од еврејско потекло, тој додава: “Видете, другиот пат ќе го испратиме во рерната!”
Неговиот коментар предизвика остри критики дури и во редовите на Националниот фронт, а лидерката на партијата Марин Ле Пен истакна дека тоа е “политичка грешка”.
Во октомври Европскиот парламент го лиши Жан-Мари Ле Пен од пратенички имунитет во врска со овој случај.