Планот на Европската унија предвидува да понуди членство на шест држави од Балканот: Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, БиХ, но и Косово, пишува Фајненшл тајмс.

Според наводите на весникот, главна причина за таков потег на Брисел е што тој дел од Балканот служи како главен терен преку кој излјадници мигранти може да стигнат во државите н ЕУ. Но, тоа не е се. ФТ наведува дека во стратегијата ЕУ стравува дека Русија опасно ја шири својата зона на влијание, токму на подрачјето каде традиционално има сојузници.
Забележано е дека, пишува весникот, Москва почна цинично да ги коментира ветувањата кои ЕУ ги дава на земјите од Западен Балкан во врска со членството, наметнувајќи се себеси како алтернатива.
„Значителен број граѓани имено во регионот верува дека нивната земја никогаш нема да и се приклучи на ЕУ“, изјави Флоријан Бибер, стручњак за југоисточна Европа при Универзитетот Грац.