Функционери од СДСМ дале исказ во полициска станица: „Добивме уредни покани од Федерацијата да го гледаме натпреварот“

од Nikola Popovski

Пратеникот Дарко Каевски, градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, неговиот брат, директорот на затворот во Шутка Андонов и директорот на зоолошка Галетановски попладнево биле повикани во полициска станица, откако синоќа присуствувале на ракометниот натпревар меѓу Македонија и Данска.

Со своето физичко присуство на натпреварот ги прекршиле здравствените ковид-протоколи, па во станица била испрашувани на чија покана и како присуствувале.

„Во ова тешко време треба да се запазат протоколите и безбедноста. Јас сепак мислам дека нема ничија вина, бидејќи Федерацијата постапила како што треба и поканила гости, како што има право. Јас сум бил присутен со покана како дел од менаџмент-тим, за кој имам и договор“, изјави директорот на Скопската зоолошка Ѓорѓи Галетановски за ТВ Телма.

Според протоколите за одржување спортски настани, во салата не смее да има публика.

Слични содржини