Galaxy S8 – со екран, колку предниот дел на смартфонот

од desk3

Samsung Electronics ќе создаде екран, кој ќе ја покрива целата предница на смартфонот Galaxy S8, кој ќе излезе следната година. Покрај тоа, компанијата ќе го отстрани “home” копчето, тврдат запознаени извори, цитирани од Bloomberg.

Новиот екран ќе има виртуелно основно копче, кој ќе биде покриен со стакло и ќе се наоѓа во долниот дел на екранот, дополнуваат изворите кои посакале анонимност.

Samsung има потреба Galaxy S8 да стане хит по драмата со Galaxy Note 7, кој беше запрен од производство поради проблеми со батеријата. Она што се случи може да го чини јужнокорејскиот гигант повеќе од 6 милијарди долари.

Најголемиот производител на смартфони во светот веќе е подложен на притисок од страна на кинески конкуренти, а Apple соопшти дека планира да започне да користи OLED екрани кои се потенки и користат помалку енергија, а истовремено нудат побогати бои.

Иако се цели S8 да излезе на пазарот во март, премиерата може да биде одложена до април, коментираат изворите. Samsung воведува посериозни тестови по случката со Note 7, што може да го забави претставувањето на уредот со околу еден месец, тврди еден од изворите.

Samsung одбива да коментира прашањето.

Компанијата вклучуваше физичко “home” копче во секој од претходните модели од серијата Galaxy S. Apple се насочи кон чувствително на притисок копче на iPhone 7 кој вибрира кога ќе го притиснете.

Слични содржини