(ГАЛЕРИИ) Цртежи на нуклеарна подморница се најдоа во британска добротворна продавница

од desk2

Цртежи на нуклеарна подморница, скриени во внатрешноста на стар куфер, се откриени во една од т. н. продавници за добротворни цели во градот Портмадог, Северен Велс, соопштува Би-Би-Си.

Покрај најважните документи во куферите, оставени од анонимни донатори, имало и книги. Се претпоставува дека на цртежите е прикажана првата подморница од класата HMS Trafalgar, воведена во употреба во 1981 година. Планот можеби бил наменет за екипажот на бродот.

“Сосема е веројатно куфер да не е оставен од семејството на некој незаконски сопстевник и луѓето да не знаеле што има внатре”, вели сопственикот на продавницата Стела Паркер.

Таа планира да го продаде откритието на добротворната аукција. “Ми рекоа, ако некој ми се јави по телефон и зборува со руски акцент, да затворам”, се шегува Паркер.

Слични содржини