Караванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме“ одржа перформанси во Тетово и во Куманово.
Перформансот во Тетово се одржа пред Домот на културата со почеток во 14 часот, а го проследија сите затекнати граѓани, кои покажаа интерес за пораките што ги испраќаа до нив граѓанските активисти преку весници, флаери и мегафон.
Перформансот се состоеше од повеќе активности во една заедничка акција кои имаа за цел стимулирање на граѓаните да застанат и да поразговараат со граѓанските активисти околу претстојните парламентарни избори и да се охрабрат да излезат да гласаат, притоа знаејќи ги своите права во целост.
Граѓанската акција „Ние одлучуваме!” беше присутна и низ кумановските улици и населби во директен контакт со граѓаните, кои што имаа можност да се запознаат со вториот број од граѓанскиот весник што го носи истото име како и акцијата.
Тоа што го привлече денес вниманието на кумановци беше четириминутниот флешмоб на градскиот плоштад Нова Југославија.
Граѓанската акција ги испрати следниве пораки до кумановци: „Куманово одлучува!”, „Можеме!”, „Леб за сите!”.


