Иако се појавуваат само еднаш во приказната за Исусовото раѓање, тројцата мудреци од Истокот оставиле силен впечаток во христијанската имагинација.

Basilica of Sant’Apollinare Nuovo in Ravenna, early 6th century
Многу приказни поврзани со раѓање на бебето Исус ги споменуваат тројца кралеви, кои ја следат ѕвездата и доаѓаат да му оддадат почит во Витлеем. Во Библијата, тие не се нарекуваат кралеви, и нивниот број не е прецизиран – наместо тоа, тие се “мудреците од Истокот”.

Adoration of the Magi, Gentile da Fabriano, 1423
На многу дворовите на исток, вклучувајќи го и древниот Вавилон и Персија, образовани астролози често служеле како советници, а биле почитувани и како маѓепсници. Низ вековите потоа тројцата мудреци (некогаш именувани и како тројца маги, односно волшебници) добиваат статус на тројца кралеви.

Adoration by Jan Gossaert, c. 1510
Според Евангелието на Матеј, ѕвезда ги предводела волшебниците од истокот и конечно застанала “над местото каде што беше детето” и “по влегувањето во куќата, го виделе детето со Марија, неговата мајка” (Матеј 1:24)

Botticelli, 1475
Мадреците клекнаа пред бебето Исус и “му принесоа дарови од злато, темјан и миро”. Нивните дарови се веројатно алузија на визијата на Исаија за нациите што му оддаваат почит на Ерусалим: “Мноштво камили ќе те покриваат. Тие ќе донесат злато и темјан и ќе ја проповедаат славата на Господа “(Матеј 2:11, Исаија 60: 6).

Adoration of the Magi after Hieronymus Bosch
Цар Ирод слушнал гласини за раѓањето на новиот “цар” и ревносно го барал бебето. Во Евангелието според Матеј, мудреците застанале во палатата на Ирод, на пат кон Витлеем, и царот ги замолил да му кажат каде е новороденчето, за да “појде и да му оддаде почит”. Но, тие во сон биле предупредени во сон да не се враќаат кај Ирод, и така заминале кон своите земји по друг пат “и никогаш повторно не се чуло за нив (Матеј 2:12).

Fra Angelico and Filippo Lippi, 15th century.
Подоцежните толкувања на приказната мудреците ги идентификувале според нивните земји на потекло: Мелхиор од Персија, Гаспар (исто така наречен “Каспар” или “Џаспар”) од Индија, и Балтазар од Арабија.
Нивните подароци имале и посебни симболички значења: златото го означувало статусот на Исус како “крал на Евреите” темјанот ја претставува божественоста и идентитетот на новороденчето како Син Божји; и мирото се однесувала на смртноста на Исус.

Mosaic, Santa Maria in Trastevere, Rome, by Pietro Cavallini, 13th century
Популарните претстави на Божиќ се чини дека ја компресираат приказната за раѓањето, што прави појавувањето на тројцата кралеви/мудреци/ волшебници во Витлеем да делува како да се случило истата ноќ, но според библијата тие се појавиле 12 дена по Божиќ, на Богојавление, или Денот на тројцата кралеви – комеморација за доаѓањето на мудреците и е еден од најстарите празници на христијанството. Римокатолиците го слават Богојавление на 6 јануари, а православните христијани на 19 јануари.

Giotto, Scrovegni Chapel
Неколку контрадикторни детали:
– Библискиот извор на приказната за мудреците е Евангелието по Матеј – кој не наведува колку имало, само вели дека донеле три подароци: злато, темјан и миро
– Св. Јаков пишува за 12 кралеви
– Михаил од Сирија (Свети Михаил Велики) ги именувал 11-те кралеви: Дахдандур, синот на Артабан; Шуф, син на Гудфар; Архак, син на Махдук; Зарванд, син на Варвадуд; Арио, син на Кастро; Арташашт, син на Хамит; Аштанбузан, син на Шишрон; Махдук, син на Хохам; Ахишир, син на Сахван; Сардан, син на Балдан; Мардук, син на Бел
– Мелхиор, Балтазар и Џаспар припаѓаат на различни традици
– Сите приказни се третираат како легенди

Pieter Paul Rubens and workshop. The Adoration of the Magi, circa 1619
Извор: National geographic, BBC