(ГАЛЕРИЈА) Насмевките на три девојчиња кои се изборија со ракот

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Ракот е една од најстрашните болести на нашата сегашност. И покрај напредната медицина, илјадници умираат секоја година од различни видови на рак. Се разбира има и такви кои успеваат да ја победат болеста, а можеби и судбината, како овие прекрасни девојчиња.
Ако вчера, денес и секој ден се жалите од лошото кафе што го пиете, од невозвратена љубов или од тоа колку сте се здебелиле, обрнете внимание на следните редови. Во 2014 година Лора Скантлинг, која се занимава со фотографија, сретнува три девојчиња, кои се борат со ракот. Тоа се Рајли, Рин и Ејнсли .

Денес, три години подоцна, тие се собираат повторно за да покажат дека има надеж. Веќе здрави насмеани и уште попрекрасни.

Лора избира да покаже деца болни од рак, бидејќи нејзин пријател го загубил својот син неколку години порано, по неуспешен третман. Во фотографиите малите девојчиња се прегрнуваат и ја прикажуваат поддршката една кон друга.

На едната слика држат златна лента, која го отсликува знакот поддршка на борбата против ракот. Зборовите се излишни. Има толку многу емоции во овие слики. Сила на духот, скриена во малите телца на овие девојчиња.

“Ракот е како змеј.” – вели Рин, “И хемотерапијата е принцот.”, додава Ејнсли.

Видете ги во галеријата.