(ГАЛЕРИЈА) Сензација: Се појавија слики од бремената Мерилин Монро!

од desk4

Која е разликата помеѓу легендарните луѓе и обичните луѓе? Можеби во тоа што тие не престануваат да нè заинтригираат и по нивната смрт. Еве филмската икона Мерилин Монро допрва треба да не изненади. Неодамна, се појавија нејзините фотографии, во кои таа била во блажена состојба – бремена.

Тие се направени на 8 јули 1960 од страна на нејзината пријателка, Фрида Хил, која ги чувала за себе се до нејзината смрт. Притоа, дефинитивно одбила да ги продаде и покрај слабата финансиска ситуација.

Фотографиите излегоа на виделина дури откако аукциската куќа Julien’s Auctions ги продаде заедно со други предмети од личната колекција на Фрида Хил.

Купувачот е нејзиниот пријател Тони Михаелс, кој неодамна и понудил на Фрида да ги купи фотографиите, но таа одбила, не сакајќи да ја открие тајната на нејзината пријателка.

Фотографиите се снимени за време на снимањето на филмот Да водиме љубов, во која Мерлин игра со актерот Ив Монтан. Според Тони, Ив Монтан е татко на детето, а не нејзиниот тогашен маж писателот Артур Милер.

Тоа ми го кажа Фрида, тоа не е факт кој треба да се погодува или претпоставува туку знаела дека нејзиниот татко е Ив Монтан, со кој Мерлин била многу близок, вели Мајклс.

На крајот, Мерилин го изгубила детето. Таа и претходно имала три спонтани абортуси, чија причина, според лекарите, била ендометриоза.

Слични содржини