Во главниот град на Босна и Херцеговина состојбата на улиците е хаотична. Службите задолжени за чистење на улиците на време не си ја завршија работата, што предизвика отежнато одвивање на сообраќајот.

Во Сараево утрово почна да паѓа густ снег кој многу брзо ги прекри улиците на главниот град.
Оние кои сакаа да се оддалечат од градот и да заминат во планина на чист воздух се соочија со неисчистени патишта, што им оневозможи да се качат во височините.
Според прогнозите денеска ќе паѓа снег, а од утре се очекуваат многу пониски температури.
https://www.facebook.com/dnevniavaz/videos/294435871210609/
https://www.facebook.com/dnevniavaz/videos/2314583522107010/