290
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска во Вилата на Водно од страна на претседателот Стево Пендаровски го доби мандатот за состав на нова Влада.
Заев најави дека ќе бида премиер во следните четири години и вети дека новата влада која ќе ја предложи ќе се грижи за сите граѓани, ослободена од секакви етнички предрасуди и национализам. Кажа дека ќе предложи квалитетни, одговорни и отчетни кадри кои силно ќе се борат со криманалот и корупција, а особено внимание ќе се посвети на прочистување на правосудството.
Лидерто на СДСМ сега има рок од 20 дена да состави мнозинство, а преговорите со потенцијалниот, и досегашниот, партнер ДУИ продолжуваат и денеска.
Фото: Борче Поповски