Гаши: Треба да се договориме кој е најдобриот начин за функционирање на оваа наша заедничка држава

од Aleksandar Todeski
330 прегледи

Партиите во времето на предизборната кампања се обидуват да направат коалиции за следниот мандат. Бараме идеолошка, концепциска блискост за да работиме во следните четири години. Ние имаме корекни односи со премиерот и се трудиме да работиме заедно. Во однос на идните коалиции, јасно е дека секоја партија го гледа својот интерес и не посоти простор за лутење, вели лидерот на Алтернатива, Африм Гаши во емисијата 360 степени на Алсат.

„Има реална можност за коалиција со Алијансата за Албанците. Имавме две конструктивни средби со господинот Села во релаксирачка состојба. Има позитивни односи меѓу нашите партиски органи. Се уште не сме дојдени до формирање на партиски тела за коалиција меѓу двете партии. Јас сум заинтересиран да имаме победнички коалициски фронт. Алијанса за Албанците имаше лошо искуство, коалицираа три партии и по изборите две партии испарија. Концепциски сметам дека е важно да имаме победничка коалиција. Коалицијата не зависи од еден фактор и доколку се постигне, тоа ќе биде добра вест за Албанците. Не можам да исклучам други партии. Треба да се прашаме дали сакаме да победиме на изборите или да се собереме повеќе партии, а да немаме позитивен ефект“, рече Гаши.

Тој вели дека во политиката нема математика и не секогаш два плус два се четири и додава дека е поважно да се најде формула која дава синергија.

„Концептот за редефинирање е сместен како втор, трет приоритет. Ние како политичари треба да бидеме прагматични. Денес многу млади Албанци ја напуштија државата и ова се случува заради реални проблеми. Тие луѓе очекуваат да се решат проблемите, неопходно е да им ја вратиме надежта, интензивно да работиме во тој дел, да ги решиме нивните реални проблеми. Не сме го заборавиле и не го занемаруваме редефинирањето, мислам дека е процес кој мора да и се случи на државата и ќе трае со години. Треба да седнеме и да се договориме кој е најдобриот начин за функционирање на оваа наша заедничка држава. Ние сме дел од владата поради две причини, да помогнеме за имплементирање на Преспанскиот договор и да докажеме дека има албанска партија која се грижи за интересите на Албанците“, вели Гаши.

Лидерот на Алтернатива не ја исклучува и можноста за коалиција со СДСМ, но вели дека позаинтересирани се за коалиција во албанскиот блок.

„Таа тема сме ја зборувале и во партијата. Ние сме заинтересирани за коалиција во албанскиот блок. Може да ја гледаме оваа варијанта. Ние сакаме да знаеме како Албанците би прифатиле таква коалиција“, истакна Гаши.

Слични содржини