Герберих: Mнозинство на ЕУ-држави веќе се изјасни за започнување на преговорите

од desk4

Западен Балкан е регион од стратешко значење за Европската Унија и не смееме да го запоставиме овој регион од наш сопствен интерес. Северна Македонија веќе ги забрза реформите и направи реформски чекори во сите области што се релевантни за започнување на преговорите.

Ова во интервју за МИА го порача германскиот амбасадор, Томас Герберих, кој истакна дека големо преовладувачко мнозинство на ЕУ-државите веќе се изјасниле за започнување на преговорите.

„Одлуката на Бундестагот е значаен и потребен чекор во овој момент, како за иднината на земјите од Западен Балкан, така и за самата Европска Унија. Големо преовладувачко мнозинство на ЕУ-државите веќе се изјасни за започнување на преговорите. Недостигаат само уште неколку. Се надевам дека земјите-членки на Европската унија на Советот за општи работи на 15 октомври ќе може да постигнат согласност за отворање на преговорите.

Западен Балкан е регион од стратешко значење за ЕУ. Не смееме да го запоставиме овој регион и од наш сопствен интерес. Северна Македонија веќе ги забрза реформите и направи реформски чекори во сите области што се релевантни за започнување на преговорите. Договорот за добрососедство со Бугарија и историскиот Договор од Преспа со Грција значително го трасираа патот за помирување во регионот. Сето ова покажува дека реалната перспектива за пристап претставува значаен двигател за реформи, помирување и стабилизација во Западен Балкан. Исто така е јасно дека пристапниот процес – кој токму поради тоа е поделен на поединечни поглавја – содржи услови: фокусот е, притоа, на правната држава, основните вредности, борбата против организираниот криминал и корупцијата. Оптимисти сме дека стратешкото значење на процесот ќе биде согледано и кај нашите ЕУ-партнери“, рече Герберих.

Слични содржини