Герила акција: Табли со патокази што покажуваат колку луѓе се иселиле

од Vladimir Zorba
88 прегледи

На неколку локации во Реканскиот крај, еден од најраселените во Македонија, се појавија табли кои, покрај насоката и рaстојнието до одредено село, покажуваат и колку луѓе се иселиле од тоа село во изминатите 20 години и колкав процент од вкупното население е иселено во странство.

timthumb-2-300x200

Ростуше, Велебрдо, Битуше, Требиште и другите населени места од овој кра,ј некогаш биле големи и бројни села, сега се опустени, а луѓе има само во летниот период.

– Со оваа акција сакаме да му помогнеме на локалното население и да алармираме за една од најголемите болки на реканскиот крај – иселувањето. Акцијата е наменета за поддршка на локалните НВО и месните заедници да го дигнат својот глас и да алармираат за овој горлив проблем во реканскиот регион, велат активистите.

Акцијата е помогната од програмата „Цивика мобилитас“.