Германија би можела да има 6 клуба во Лигата на шампионите следната сезона

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Германија би можела да има шест претставници во следната сезона од Лигата на шампионите, потврди УЕФА. Во историјата на елитното клупско фудбалско натпреварување не се случило една земја да има шест претставници.

Таков расплет би се случил доколку Борусија Дортмунд го добие овогодинешното издание на Лигата на шампионите, без да биде меѓу четирите најдобри екипи во Бундеслигата и доколку Германија добие едно од двете дополнителни места кои ќе ги добијат најуспешните земји во УЕФА рангирањето.

Борусија со исфрлањето на Атлетико Мадрид влезе во полуфиналето на Лигата на шампионите, а за пласман во финалето ќе се бори против Пари Сен Жермен. Тимот од Дортмунд моментално е на петтото место во Бундеслигата, но е изедначена (56 бода) со четвртопласираниот РБ Лајпциг.

Во следната сезона Лигата на шампионите ќе биде проширена на 36 клуба, од сегашните 32 во првиот дел од натпреварувањето, па двете најуспешни нации ќе добијат две дополнителни места.

Во подобрувањето на германскиот коефициент може да помогне и Баерн, доколку Арсенал би се пласирал во полуфиналето на Лигата на шампионите, како и новиот германски шампион Баер Леверкузен, кој се бори за пласман во полуфиналето на Лигата на Европа против лондонски Вест Хем Јунајтед.

Слични содржини