Јилдирим остро го критикуваше Габриел поради вчерашните негови коментари, во кои тој користи тврда реторика спрема пристапувањето на Анкара во ЕУ, рече дека Турција никогаш нема да влезе во Заедницата , освен ако претседателот Реџеп Таип Ердоган не стане сериозен во врска со придржувањето кон европските вредности .
” Габриел изговори глупости. Тој треба да си ја гледа работата . Тој не треба да се меша во нашите внатрешни работи”, истакна турскиот премиер.
Односите меѓу Германија и Турција се влошија по неуспешниот државен удар против Ердоган во јули минатата година. Анкара го обвини Берлин за азил на превратаџиите, додека Берлин остро го критикуваше апсењето на германски новинари и активисти во Турција.