Германија ја презема одговорноста за нацистичките злосторства во Грција.

Ова го изјави германската канцеларка Ангела Меркел за време на посетата на оваа балканска држава, преенсе АФП.

Меркел одржа состанок со грчкиот претседател и положи венец на Споменикот на непознатиот војник во грчкиот парламент.

За време на разговорите со претседателот Прокопис Павлопулос, Меркел рече дека тоа е “големо прашање за поддршка на Грција во корист на двете земји “. Коментирајќи ја окупацијата на Грција од нацистичка Германија, Италија и Бугарија во периодот 1941-1944 година, канцеларката изјави дека Германија целосно ја презема одговорноста за својата историја и за злосторствата извршени во Грција од страна на нацистичкиот режим.

Сепак, избегна да коментира за можна отштета.

Канцеларката додаде дека Германија “е свесна за историска одговорност ” за “страдањата” предизвикани од нацистите во Грција.

Грчкиот претседател ги опиша отшетата на Втората светска војна како прашање кое останува законски сé уште “нерешено”.

По пристигнувањето на Меркел во Атина , се случија големи судири меѓу полицијата и демонстрантите.  

epa07274712 German Chancellor Angela Merkel lays a wreath at the Tomb of the Unknown Soldier at Syntagma Square in Athens, Greece, 11 January 2019. Merkel is on a two-day official visit to Greece. EPA/ALEXANDROS BELTES

На крајот од минатата година, Атина побара отшета  од 288 милијарди евра од Германија  за нацистичката окупација. Берлин отворено ги отфрла тврдењата за отплата.

Според извештајот, надоместокот за уништување во Грција во периодот 1941-1944 година треба да изнесува 288 милијарди евра. Проценето е дека Берлин треба да се исплати и дополнителни 11 милијарди евра, бидејќи во 1943 година нацистите зеле заем од 476 милиони марки од Централната банка на Грција. Според историчарите заемаат кој е земен без камата, бил користен за финансирање на кампањата на нацистичкиот режим во Африка и одиграл главна улога за осиромашување на Грците.

  Во истрагата беа опфатени повеќе од 400.000 страници архиви од американската и руската национална евиденција за злосторствата. Сојузничките сили биле методолошки при собирањето информации за масакрите, уништувањето на становите и податоците за убиените

Десетици илјади Грци беа убиени за време на окупацијата. Најмалку 300.000 умираат од глад . Еврејската заедница е речиси целосно ликвидирана.

  Германската влада категорично ги отфрла тврдењата на Грција и Полска, кои исто така беа сериозно оштетени од нацистичките злосторства. Според Берлин, случајот беше решен во 1960 година, кога 115 милиони милиони германски марки беа платени во Атина , или 205 милиони фунти  во денешна вредност.

  Оваа дводневна посета на Грција  е прва по  2014 година.

Канцеларката од Атина ги поздрави решените напори на грчкиот премиер Алексис Ципрас за новото име на Република Македонија. Според неа, ова овозможува Република Северна Македонија да стане членка на НАТО и на Европската унија.