Германскиот парламент денеска усвои закон кој предвидува казни во износ до 50 милиони евра за говор на омраза и за лажни вести на социјалните мрежи, пренесе Мета.

Казната ќе им биде изречена на сите веб-страници доколку не ја отстранат содржината во која постои говор на омраза или пренесува лажна вест.
Германскиот министер за правда, Хајко Мас, изјави дека социјалните мрежи не успеале да ги спречат своите веб-страници да пренесуваат „запалив“ начин на гледање на работите и да изнесуваат лажни информации.