Германската МНР во Киев: „Местото на Украина е во ЕУ“

од Vladimir Zorba

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок нагласи дека Украина има место во Европската унија при посетата на главниот град на загрозената земја Киев во понеделник наутро.

Украина може „да се потпре на нас и на нашето разбирање за проширувањето на ЕУ како неопходна геополитичка последица на руската војна“, рече Баербок по нејзиното пристигнување, се вели во соопштението.

Украина веќе има кандидатски статус, рече Баербок и додаде: „И сега се подготвуваме да донесеме одлука за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ“.

Во однос на судските реформи и законот за медиуми, резултатите од реформите во Украина се веќе импресивни, рече таа.

„Но, има уште долг пат во спроведувањето на антиолигархискиот закон и борбата против корупцијата“, додаде министерот за надворешни работи.

Тоа е четврта посета на германската министерка од избувнувањето на војната во Украина во февруари 2022 година.

Слични содржини