36-годишен германски државјанин со турско потекло е уапсен при влез во Турција, пренесува Дојче веле.

Апсењето е заради содржината на неговите објавувања на социјалните мрежи, кои од страна на турскиот правосуден систем се квалификувани како „терористичка пропаганда“.

Мажот со турско потекло добил германско државјанство во 2011 година.

Осман Б. полетува за Турција, каде планираше да го помине годишниот одмор со семејството. Тој беше уапсен откако слета со авион на аеродромот во Анталија. Судот подоцна донесе пресуда дека Осман Б. треба да остане во притвор заради ризик од бегство.

Германското Министерство за надворешни работи и конзулатот во Анталија ги презедоа потребните чекори за ослободување на притворениот.

Апсењето на Осман Б. е последно во низата притвори на германските граѓани „од политички причини“.

Во 2017 година, имаше голем број на слични случаи што доведоа до криза во односите меѓу Берлин и Анкара. Последователно, повеќето германски државјани уапсени по вакви обвиненија беа ослободени.

Поради ризикот да бидат уапсени затоа што го критикуваа турскиот правосуден систем на социјалните медиуми, сојузната влада во повеќе наврати ги предупредуваше германските граѓани кои сакаат да патуваат во Турција. Препорачува нејзините граѓани да се воздржат од лајкови  на туѓите мислења на Интернет или да дистрибуираат анонимни коментари за ситуацијата во Турција.

Претходно оваа година, турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Соилу предупреди: „Има луѓе кои учествуваат во терористички напади во Германија и Европа, а потоа доаѓаат да се одморат во Анталија, Бодрум и Мугла“. Тие се за прокурдската Турска работничка партија.

„Ако дојдат, тие ќе бидат уапсени на аеродромот“, предупреди Соилу.

Турската влада подоцна објави дека изјавата е извадена од контекст и дека туристите од Германија и сите други земји се добредојдени во Турција.

Слични содржини