Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи Михаел Рот го искоментира бегството на екс премиерот Никола Груевски во Унгарија и барањето азил таму.

„Унгарија ги отвори своите врати за бегалци. Неверојатно…“, напиша Рот на Твитер споделувајќи вест за барањето азил, шегувајќи се со политиката на унгарскиот премиер Виктор Орбан кој не сака да се приклучи на политиката за миграција на Европската Унија и не ги прима бегалците од Сирија, а сега, очигледно, е спремен да му даде азил на осудениот бегалец Груевски.

