Германските земјоделци ги блокираа патиштата, започна неделата на штрајк

од Vladimir Zorba

Германските земјоделци утринава ги блокираа влезовите на автопатиштата низ земјата, на првиот ден од протестите против владините планови за постепено укинување на субвенциите за фармите.

Земјоделците кои планираат една недела да протестираат против владиниот план за намалување на субвенциите за горивата како дел од најавеното усогласување на федералниот буџет, сакаат да ја започнат својата акција со парализирање на сообраќајот.

Илјадници трактори се очекуваат на патиштата, како протест што германските земјоделци го најавуваат како најголем во историјата.

Слични содржини