На 30 октомври се враќаме по астрономското време.Час наназад!

На 30 октомври се враќаме по астрономското време. Во 4.00 часот наутро на 30 октомври треба да ги преместиме стрелките еден час наназад. Астрономското сметање на времето ќе трае до последната недела од март следната година. Летното време е систем воведен за заштеда на трошоци за осветлување, преку зголемување на употребата на дневна светлина. Кај неа официјалното време се префрла обично со еден час понапред од астрономското време, останувајќи така за пролетните и летните месеци. Со тоа се цели обезбедување на подобро совпаѓање на часовите од светлата дел од денот и активните часови за работа и на училиштата. За првпат сериозно тоа е предложено од Вилијам Уилет во “Залудно трошење на дневна светлина”, објавен во 1907 година Тој не успева да го убеди британскиот парламент да го прифати, и покрај постоењето на значително силно лоби.
Локално.мк потсетува дека идејата за летно сметање на време за прв пат се воведува на пракса од германската влада за време на Првата светска војна во периодот 30 април – 1 октомври 1916 година Набргу потоа Британија го следу примерот, а во почетокот воведува летно време од 21 мај до 1 октомври 1916 година
Преместувањето на стрелките со час наназад, кога се враќаме на астрономското време, го намалува ризикот од срцев удар, а мигрирање кон летното време го зголемува, тврдат шведски научници од Каролинскиот институт. Тие ги анализирале статистиките за инфаркт во Шведска во текот на преминот од летно кон зимско сметање на времето и обратно од 1987 година до денес. Резултатите покажуваат дека ризикот од инфаркт на миокардот се зголемува во просек за 5% во првата недела од транзицијата кон летно време во споредба со другите недели од годината. Истражувачите се убедени дека преминувањето на крајот на октомври до астрономско сметање на времето е придружена со намалување на ризикот од инфаркт на следниот ден – во понеделник.