Новак Ѓоковиќ го победи Роџер Федерер во возбудливиот финиш на Ју Ес Опен, за да ја освои втората титула на турнирот и десетата во кариерата на гренд слем.

Србинот се наметне над Швајцарецот со 6-4, 5-7, 6-4, 6-4 во битка што траеше 3 часа и 20 минути. Ноле успеа да изедначи и во директните дуели меѓу двајцата – победите веќе им се по 21.

За Ѓоковиќ ова е трета титула за 2015 година од четирите најважни турнири сезонава. Тој успеа да направи 6 брејка од 14 можности (46%), а Федерер 4 од 23 (17%). Првиот рекет во светот допушти 37 непредизвикани грешки против 54 на противникот, а винерите беа во корист на Швајцарецот – 56 наспроти 35.

На трибините на “Артур Еш стадионот” беа познати личности како Дејвид Бекам, Хју Џекмен, Леонардо ди Каприо, Блејк Грифин и многу други. 34-годишниот Федерер не успеа да се избори за рекордна шеста титула во Њујорк и останува со 17 гренд слема, последниот на која победи е на Вимблдон 2012.